Сектор за планирање и уредување на просторот
Секторот за планирање и уредување на просторот ги врши работите поврзани со организирање и спроведување на постапката за донесување на Просторниот план на градот Скопје, Генералниот урбанистички план на градот Скопје и постапката за донесување на деталните урбанистички планови на општините во градот Скопје, уредувањето на градежното земјиште, утврдувањето стандарди и давање согласност за поставување времени објекти, мебел и урбана опрема на подрачјето на градот Скопје, реализацијата на програмите за изградба на инфраструктурни и капитални објекти, води евиденција на недвижниот имот и имотните права и интереси на Градот Скопје, изградба и одржување на јавното осветлување, ја спроведува постапката за експропријација на недвижен имот заради реализација на работи од јавен интерес, ја координира својата работа со другите сектори во рамки на администарцијата на Град Скопје, врши работи кои се однесуваат на уредување на начинот и условите за издавање на документација за изградба на градби – одобренија за градење за градби од инфраструктура утврдени во Закон.
ДОКУМЕНТИ ИЗДАДЕНИ ОД СЕКТОРОТ
Урбанистички проект за инфраструктура за дислокација на вреловод на ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот помеѓу ул. „Мирче Ацев“ и кеј „13-ти Ноември“, Општина Центар – Скопје
https://www.e-urbanizam.mk/ постапка 44013 согласно член 58 став 2
Урбанистички проект за инфраструктура за воведување на кружен тек на улица “Ѓорче Петров” со булевар “Македонска Војска.
https://www.e-urbanizam.mk/ постапка 54270 согласно член 58 став 2
Урбанистички проект за инфраструктура за линиска инфраструктурна градба – излезна рампа од бензиска пумпна станица на дел од КП бр. 1095/1 и КП бр.1096/1, КО Визбегово, Скопје
постапка 50056 согласно член 58 став 2
Урбанистички проект за инфраструктура за Усјански канал
постапка 54811 согласно член 58 став 2
Урбанистичкиот проект за инфраструктура за улица 16-та Македонска бригада од крстосница со бул.АСНОМ до пристапна улица за влез и излез во црква Св.Архангел Михаил
постапка 56876 согласно член 58 став 2
Урбанистички проект за инфраструктура за линиска инфраструктурна градба за: Новопланиран СН 10(20) кV подземен кабелски вод од постојна трафостаница ТС 10(20) kV на КП 1920 до постојна трафостаница на КП 2705/1 во КО Маџари, Општина Гази Баба
постапка 52250 согласно член 58 став 2
Урбанистички проект за инфраструктура за изградба на линиска инфраструктура – транзитна магистрална улица низ Општина Карпош, Општина Бутел и Општина Чучер Сандево – Скопје,
постапка 55664 согласно член 58 став 2